Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени“ во Градски парк

Од:

Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени“, во рамки на кампањата на Владата за подигнување на јавната свест за безбедност во сообраќајот, се одржа денеска во Градски парк 2 во Скопје.

На вежбата присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров, кој пред нејзиниот почеток изјави дека на вежбата ќе се направи симулација на сообраќајна незгода во која се вклучени две возила.

– Ги има трите слаби точки предвидено во оваа симулација. Возачот на едното возило симулирано е дека во алкохолизирана состојба, совозачот е без сигурносен појас, а во другото возило возачот зборува на мобилен телефон, рече Тодоров.

Нагласи дека во кампањата посебно укажуваат на носењето појас, незборување на мобилен телефон за време на управување со моторно возило и неуправување на моторно возило во алкохолизирана состојба.

simulacija-vezbas

Kaмпањата за подигнување на јавната свест за безбедност во сообраќајот Владата ја почна на 12 септември во координација со повеќе институции.

Податоците покажуваат дека во Република Македонија секој втор ден згаснува по еден живот. Бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година изнесува 198 лица или девет жртви на секои 100 илјади жители.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе