Симпозиум за унапредување на студентското практикантство

Од:

Симпозиум за унапредување на студентското практикантство како линк меѓу образованието и бизнисот ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје.

Институтот во рамките на Центарот за развој на менаџмент и човечки ресурси реализира пилот-проект за студентското практиканство. Истражувачките резултати ќе бидат претставени во рамките на симпозиумот како дел од циклусот презентации наречен „Научна среда“.

Целта на симпозиумот е да ги анимира засегнатите страни во овој процес, за да послужи како извор на важни информации кои се однесуваат на примената на практикантството и неговото влијание врз студентите на додипломските и постдипломските студии.

Идејата, како што посочуваат од ИСППИ, е да се разменат искуства и размислувања за можностите за унапредување на овој процес за да се овозможи полесен премин на младите од светот на студирањето во светот на работата, да се добијат размислувања и искуства за добри практики, кои би биле основа за понатамошно усовршување на студентското практиканство.

Воведни обраќања на симпозиумот ќе имаат директорката на ИСППИ-УКИМ Мирјана Борота-Поповска, проректорот за настава на УКИМ Вујица Живковиќ, проректорот за наука на УКИМ Владимир Петрушевски и раководителот на Секторот за научна дејност на ИСППИ-УКИМ Ганка Цветанова.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on