Симпозиум „100 години од Првата светска војна, фронтот на Чанаккале и нивните глобални последици“

Од:

Државниот архив на Република Македонија во соработка со Генералната дирекција на Државните архиви на Република Турција, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, организира симпозиум на тема „100-годишнината од  Првата светска војна, фронтот на Чанаккале и нивните глобални  последици“, кој ќе се одржи од денеска до 12-ти овој месец во Скопје.

Симпозиумот ќе го отворат директорот на Државниот архив на Република Македонија Филип Петровски и Џезми Ераслан од Институтот за начелата на Ататурк и историјата на обновата на Турција при Универзитетот во Истанбул. Најавено е и обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

На симпозиумот ќе учествуваат историчари од Турција, Бугарија, Унгарија, Полска и Македонија.

Теми на симпозиумот се „Регионот и светот пред Првата светска војна“, „Неповолните влијанија на Првата светска војна врз народите од регионот“, „Законот за воените злосторства на фронтот на Чанаккале“, „Националните и меѓународните последици од Првата светска војна“, „Македонскиот фронт во Првата светска војна“ и „Фронтот кај Чанаккале од воена перспектива“.

Во рамки на симпозиумот Државниот архид организира и изложба на тема „Одбележување на стогодишнината од распарчувањето на Македонија и од Првата светска војна“.

Би можело да ве интересира

„Спомени од Првата светска војна“ во Музејот на македонската борба

Наум Локоски

Македонска вечер на филмската ретроспектива за сто години од крајот на Првата светска војна

Ана Ололовска

Промовирано спомен обележје за Првата светска војна во НП „Пелистер“

Наум Локоски

Поставување спомен обележје за Првата светска војна во НП Пелистер

Ана Ололовска

Амбасадите на Франција и Алжир одржаа комеморација за битката кај Битола

Ана Ололовска

Mузејска поставка „Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“

Ана Ололовска