Симоновски пуштен на слобода – Вербално се заканувал на секретарот на општината

Од:

Гоце Симоновски е пуштен на слобода по синоќешниот распит во Охридската полиција. Поранешниот раквоодител на секторот за туризам во локалната самоуправа за време на владеењето на Александар Петрески бил приведен поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“.

Секторот за внатрешни работи Охрид, против Г.С.(49) од Охрид раководител на сектор за јавни дејности во Охридската локална самоуправа поднесе кривична пријава.

„На 29-ти овој месец, пријавениот започнал вербална расправија со секретарот во локалната самоуправа упатувајќи му повеќе груби навредливи како и следниве заканителни зборови: „ќе видиш што ќе ти направам, ќе ти се осветам тебе и на твоето семејство, ако не успеам јас ќе оставам аманет да ти се осветат.

– Во еден момент пријавениот се обидел и физички да го нападне секретарот во локалната самоуправа замавнувајќи со рака кон него со што извршил загрозување на неговата сигурност и предизвикал чувство на страв и несигурност. Во намерата не успеал бидејќи оштетениот се оттргнал и го избегнал обидот за физички напад“, велат од полицијата во Охрид.

Настанот се случил во една од канцелариите во локалната самоуправа каде што се вршело интервју и оценување на работењето на државните службеници што е во согласност со законот за државни службеници и правилникот за начинот на оценување на државните службеници.

Од полицијата велат дека пријавениот Г.С. револтиран од нега- тивната оцена добиена од неговиот сегашен претпоставен што била идентична со негативната оцена добиена и од претходниот секретар во локалната, манифестирал агресивно однесување и на висок тон започнал вербална расправија.

Во таква ситуација во канцеларијата каде покрај секретарот присутен бил уште еден претставник од секторот за правни и кадровски работи, пријавениот Г.С. ги упатил заканителните и навредливи зборови по што следувал и обидот за физички напад.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид