ВИДЕО: Силно полициско обезбедување, блокирани улици – роденденот на Гоце Делчев настан од висок ризик

Од:

Под строги мерки, со големо полициско обезбедување денеска во црквата Свети Спас каде што се наоѓа гробот на Гоце Делечв ќе биде одбележена 151. годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер. Строго контролирано, само највените делегации ќе бидат пропуштани кон црквата Свет Спас. Полициски хеликоптер го надлетува главниот град.

Според најавите, почит пред гробот на Гоце Делчев ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и други делегации на институции на политички партии.

МВР на Бугарија најави дека цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје ќе положат и бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Во пресрет на чествувањето на годишнината, кое е оквалификувано како настан од висок ризик, засилено е полициското обезбедување околу „Свети Спас“, при што полицијата ги контролира пристапите до црквата. Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу црквата „Свети Спас“ и по целата должина на улиците кои водат до неа. Пристап имаат само лица со дозволи.

Уште од четвртокот од 18 часот за сообраќај е затворена улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со улица „Прохор Пчински“, а денеска посебен режим ќе биде воведен и на улицата „Лазар Личеноски“.

Во црквата „Свети Спас“ денеска ќе им биде дозволен пристап само на најавените делегации, а сите други делегации и граѓани кои не се најавени, нема да можат да положат цвеќе за време на државната свеченост.

Група граѓани синоќа се упатија кон гробот на Гоце Делчев во обид да ги реализираат најавените „ноќни стражи“. Не им беше дозволен пристап и беа запрени на местото каде што е поставен полицискиот кордон.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.Po

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Делегации се поклонија пред спомен релјефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, каде што учителствувал

Костадиновска-Стојчевска: Ги негуваме визиите на Делчев кој е синоним за културен натпревар меѓу народите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Битката за Македонија која Делчев ја доби е обврска за нас да ја продолжиме кон просперитетна и силна држава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: Гоце Делчев би бил горд за она што го направивме, Македонија напредува

Горан Наумовски