ФОТО: Невремето направи хаос во Охрид

Од:

Силниот дожд и невремето кое попладнево го зафати Охрид, направи вистински хаос низ градот. Големото количество на вода го преплавија главниот булевар туристичка каде редици автомобили се наоѓаа како во некоја река.

Дождот го поплави и приземјето на трговскиот центар „Амам“ во центарот на Охрид.

Сопствениците на дуќани кои овде ги има дваесеттина на број и вработените велат дека два часа седеле во дуќаните со затворени врати за да не дозволат водата да влезе во објектите, бидејки во ходникот имало вода и до 50 сантиметри. Попладнево се чистеа дуќаните и ходниците на трговскиот центар.

Настрадаа и туристите, најмногу оние кои во моментот на невремето се најдоа на плажите кои потоа за миг се испразнија. Речиси два часа поголем дел од Охрид остана и без струја имаше и силни грмежи, а од силината на невремето се помести и кранот на една од зградите кои се во изградба

 

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица