Силно невреме го зафати синоќа росоманското село Сирково

Од:

Силно невреме синоќа го зафати росоманското село Сирково при што се предизвикани штети кај земјоделските култури, информираше денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.

– Денеска излегов на терен за да ги видам штетите од невремето. Според првичните согледувања невремето остави пустош во селото. Има наноси и од метар и пол, оштетени се и патот и канализационата мрежа, соопшти Лазов.

Тој рече дека во текот на утрешниот ден општинска комисија ќе направи проценки на штетите од невремето. 

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост