• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Силни врнежи и снег во западните делови, студен бран ја зафати државата

by А1он10/01/2026 - 09:47815
Share0

Минималните утрински температури се под нулата во повеќе места, со најниска измерена температура од -3 степени во Скопје-Петровец и Пожаране, соопшти утрово Управата за хидрометеоролошки работи.

Добивај вести на вибер

Во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија и Ѓуриште измерени се -2 степени, -1 во Куманово, Кавадарци, Велес, Тетово, Крива Паланка и Попова Шапка, 0 во Берово и Штип, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Mаврови Анови, Kрушево и Охрид, 4 во Претор и Битола и 5 степени во Прилеп и Тополчани.

Според податоците на УХМР за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнале 25 литри на метар квадратен, 20 во Маврови Анови, 17 во Охрид, 13 на Попова Шапка, 12 во Претор, 9 во Пожаране, 6 во Тетово, 5 во Прилеп, 4 во Битола, 2 во Тополчани, Кавадарци и Виница, како и 1 литар во Берово, Штип и Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

ladno vremesneg

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Горан Наумовски30/01/2026 - 06:57

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он28/01/2026 - 18:37

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата

Горан Наумовски28/01/2026 - 09:32

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Горан Наумовски28/01/2026 - 07:41

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Горан Наумовски21/01/2026 - 18:25

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:4721/01/2026 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен