(ВИДЕО) Силјановска: Уставот стана готвач со странски рецепти, тоа нема да го дозволам

Од:

Професорката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на изборениот штаб порача дека е време жена да биде претседател на Македонија и уште еднаш ги повтори принципите по кои ќе се води доколку биде избрана.

„Јас ќе се водам по начелото на Уставот. Сум за соработка и компромиси, не по секоја цена да се фати последиот воз за Брисел. Уставот стана готвач со странски рецепти, имаме парализирана демократија. Време е да се понуди нов концепт, во кој ќе владее начелото на правото и правдината“ порача Силјановска.

На новинарско прашање, дека концептот што таа го нуди за преиспитување на преспанскиот договор пред меѓународни институции, ќе ја врател Македонија повторно на патот на заробена држава, Силјановска одговори со порака до нејзиниот опонент, Пендаровски, дека судот во Хаг и ОН, не се формирани за нас и дека има критериуми и дека тој тоа добро го знае.

„Тој сите овие години беше во позиција да преговара и до пред две години велеше дека името е непроменливо, никој не е овластен да менува име со географска одредница, а сега заборави на она што го кажал. Дали некој кој гради став со години и стои зад него е веродостоен или некој како него, кој гради кариера на сметка на државата“ рече Силјановска.

Досегашниот тек на кампања го оцени како позитивен, но порача другите кандидати да се држат до потпишаниот кодекс за фер кампања, затоа што, како што рече, секој има право на приватен живот, слобода на изразување, слобода на движење и да не го злоупотребуваат тоа.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Вучиќ: Нема повторно да се кандидирам за претседател