(ВИДЕО) Сиљановска пред Владата: Вработија партиски војници, а најумните бегаат од Македонија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со нивната кандидатка за претседател Гордана Сиљановска Давкова вечерва пред зградата на Владата го одржа централниот митинг во пресрет на претседателските избори.

Официјалниот дел од митингот почна со химната на Македонија која ја изведе оперскиот пејач Игор Дурловски, кој беше ослободен од обвинение за настаните од 27 април.

Голем број симпатизери и партиски членови дојдоа да ѝ дадат поддршка на Сиљановска, а настапи имаат повеќе македонски пејачи меѓу кои и Миле Кузмановски кој ја отпеа „Нешто ќе те питам бабо“.

Сиљановска Давкова ги поздрави граѓаните и им се заблагодари на нивната беспрекорна поддршка која и ја даваат, за да на 21 април и 5 мај „влезе низ голема врата правото и правдината во Република Македонија, и да се стави крај на ова црнило кое владее во земјава“.

Сиљановска Давкова посочи дека Македонија има прекрасно име, во женски род е, и не и треба придавка. А, пред народот стои токму жена, зошто на Македонија и треба жена.

„На татковината ѝ треба жена. Потсетувам основниот услов за чекорење кон ЕУ е владеење на правото. Власта не верува во правото, тие зборуваат само за политика. Нивната политика е надвор од правото. Нивната политика е надвор од Уставот. Каква е сликата две ипол години по придавката реформска влада со фамилијарни вработувања веќе не знаеме што значи скандал во оваа скандалозна балканска земја. Нема поделба на власта, а кај што нема поделба на власта нема демократија. Парламентот е во рацете на 81 пратеник, но тие не се пратеници тие само креваат раце, тие само ги потврдуваат веќе донесените одлуки во владината зграда. А, токму во таа зграда власта не е распоредена на 26-мина, некои дури не доаѓаат на работа и немаат проблем со тоа“, рече Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова вети дека покрај уставни реформи, на свој начин ќе ја врши претседателската функција.

„Деновиве дури слушаме дека ќе требало да ангажираат огромен човечки потенцијал и експертски за да може да се подготвиме за првите поглавја 23-24, за правда, за безбедност, за владеење на право и за независно судство. Ама ако велат дека 40.000 вработиле, што прави таа армија на вработени? Па не се ни усогласени премиерот споменува 40.000 административна војска, министерот за финансии вели дека се некаде 28.000, министерот за информатичко општество вели 25.000. Нашето прашање е каде се вработени тие луѓе, што работат, зошто нема ниту еден чекор кон европезаицијата, зошто освен Преспанскиот договор и спогодбата не видовме ниту една реформа. Знаеме зошто, зошто си ги вработија партиските војници. Тие не мора да исполнуваат строги критериуми какви што се бараат за администрацијата, а оние што ги исполнуваат, најшколуваните, најмладите, најумните и бегаат од Македонија, нагласи Сиљановска Давкова.

Во продолжение следува галерија од централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Сиљановска Давкова пред Владата.

Би можело да ве интересира

Силјановска Давкова: Мора да имаме уставен патриотизам, да ги почитуваме основните одредби на Уставот

Димитриеска Кочоска: Навредите кон Силјановска Давкова ја потврдија паниката и стравот од пораз кој владее кај Пендаровски и СДС

Горан Наумовски

Силјановска – Давкова: Легитимитетот на претседателот треба да извира од граѓаните

Стојаноска: Да ја избереме Силјановска Давкова за претседател, за да покаже дека е возможно да се направи дистанца помеѓу државата и партијата, за разлика од Пендаровски

Предраг Петровиќ

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила