Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова вечерва пред граѓаните во Кичево кажа иако е непартиски кандидат ВМРО-ДПМНЕ го направило вистинскиот чекор, демократски, реформски, победнички, зошто заедно ќе ги привлечат не само членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и членовите и симпатизерите на коалиционите партнери на коалицијата „За подобра Македонија“, но и неутралните членови.
Тука ги додаде и разочараните членови од СДСМ, разочараните од „Шарена револуција“.
Македонија и географски и културно, и историски секогаш била дел од Европа. Сигурна сум дека ЕУ нема да биде целосна симфонија без Западен Балкан и без Македонија, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова потсети дека за Западен Балкан велат дека е Ахилова пета на ЕУ.
Ама јас која предавам, не само Уставно право туку и Европско Уставно право ги убедувам студентите тоа е нашиот заеднички дом. И дека не се оди во ЕУ качени на „Ориент Експрес“ кон Брисел. Туку по ЕУ стандардите се носи дома. Тоа ќе го направиме ние, посочи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова рече дека Македонија има сериозни проблеми и демократски дефицит, а очекувавме промени, очекувавме живот. Но таа животот што го ветила власта не го виде. Единствената промена што ја направија закитени со придавката „реформска влада“ беше промена на името.
Но нам ни се потребни стандарди за животот да биде европски во Македонија. Да живееме како сите во европски метрополи. Да сакаат Европјаните да доаѓаат овде. Да си ги вратиме децата однадвор. Над 60% бегаат во потрага по живот надвор, не го препознаваат овде.
А, ние не само што имаме проблем со физичкото здравје туку имаме проблем и со многу други прашања.
Силјановска Давкова потсети дека во врвот сме меѓу најзагадените земји по воздухот. А, таа како идна претседателка на загадувањето и на еколошката катастрофа ќе гледа како на безбедносна дилема. Како на безбедносна криза.
Во било која земја Парламентот ќе прогласеше вонредна состојба заради елементарна непогода на загаденост. Но до тоа не дојде овде во Македонија, власта не прогласи елементарна непогода на загаденост. Бидејќи се занимаваа со други работи.
Од владеење на правото јас не гледам ни траг, ни глас. Нема владеење на правото без поделба на власта. А, кај нас власта е концентрирана во рацете на извршната власт. Во рацете на премиерот. Тогаш не може да има спреги и кочници. Тогаш нашите слободи и права се загрозени. Зошто ние учиме дека секоја власт се заканува да ве корумпира. Апсолутната власт апсолутното. Затоа секој ден се соочуваме со скандали.
Станавме скандалозна земја. Меѓутоа мора да го смениме ова, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека од економијата што ја најавуваа просперитетна, народот не гледа никакви ефекти. Деновиве се слушна како педантните, вредни германски претприемачи во Македонија како велат дека од сенката за економската состојба низ нивната призма е нула.
Најавуваа битка со корупцијата и криминалот но ние сме на врвот по корупцијата и криминалот. А, што велат најсериозните аналитичари, велат дека суверенитетот на една земја е најзагрозен од корупцијата и криминалот.
Затоа ние имаме проблем со суверенитетот. Не заради себе, туку заради нивната корупција и криминал, посочи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека не може да има реформи, не може да се оди кон ЕУ без стручна и компетентна, државна и јавна администрација. Меѓутоа, наместо стручноста и компетентноста, партиската блискост, книшка и
послушност се виза за влез во државната и јавна администрација. Со таква администрација не се можни реформи. Затоа треба да се предупредат на овие избори.
Силјановска Давкова потсети дека по нејзината победа на претседателските избори, премиер мора да распише итно предвремени парламентарни избори бидејќи покажал покажал неуспешност, а тоа ќе е пат за нови парламентарни избори, а се знае кој ќе победи на тие избори.
Јас сум сигурна дека новата власт, идната парламентарна власт нема да се однесува како оваа власт. Ќе биде поинаква, ќе трага по компромис, ќе се однесува државнички, ќе трага по консензус за националните прашања.
Зошто и тие ќе станат и европски прашања. Се што правеше оваа власт нема да прави новата власт, истакна Силјановска Давкова.