Силјановска Давкова: Внимавајте да не соочиме со нов кластер „Викенд без ДДВ“

Од:

Пратеничкта од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, коментирајќи ја мерката за викенд без ДДВ, од собраниската говорница порача дека во услови кога се зголемува бројката на заболени од коронавирусот, постои опасност по завршувањето на пазарењето по моловите да се соочиме со нов кластер на шиерење на коронавирусот.

„Не можам да разберам која е итноста од носење на оваа мерка и дали навистина ни е потребна во овој период? Си го поставувам прашањето и дали е консултирана Комисијата за заразни болести за оваа мерка. Но, како и да е консултирана, ќе мора да се помириме со таа политичка одлука на Владата под изговор дека се работи за антикризна мерка. Сме станале демократски декор, значи Владата не ја контролираме ние, туку таа не контролирана нас.

Сега се ставаме во ситуација да ги бркаме луѓето од рестораните и кафулињата, а да ги туркаме кон моловите. Ме плаши оној синдром на црн петок, но овој пат може да имаме црна сабота после овој викенд без ДДВ. Да не се соочиме со кластер ‘викенд без ДДВ’“, рече пратеничката Силјановска Давкова.

Таа рече и дека Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на ДДВ на физичките лица се коси со правните прописи и норми.

„Законите секогаш треба да важат erga omnes кон сите и имаат неограничено правно дејство. Законот не може да важи една година, закон не може да важи еден месец. А, не може да важи пак никако три дена. Правно спорно е што овој закон влегува во сила со денот на објавувањето. Само Уставот влегува со денот на објавувањето, а може по исклучок Собранието да одлучи веднаш, ама која е итноста од ваков закон“, додаде Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата