Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции.

– Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за полно работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение, рече денеска Сиљановска Давкова, на новинарско прашање по спортскиот настан за промоција на здрави навики.

Ефективната власт во Бугарија, посочи претседателката, е лоцирана кај владата, кај бившиот претседател односно идниот премиер, кому сигурно ќе му биде доделен најпрвин мандат за состав на влада.

– Тоа остава простор за разговори. Она што е ново е драматичната состојба во светот, во амбиент на драматично сменет меѓународен поредок безбедноста добива на тежина, важноста, говорам за важоста на ЕУ, говорам за опасноста и потребата од градење отпорност кон можни фактори и актери на Бaлканот. Да потсетам, Балканот секогаш бил зона за тестирање на односите на големите сили, лакмус, тоа сигурно ќе биде и сега и јас очекувам третирање на проширувањето не само низ призма на поголема ЕУ, компетитивна на глобалната политичка сцена туку и поголема безбедност. Ние имаме 100 проценти усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ и повеќе држави од регионот – Црна Гора и Албанија, и очекувам да се видиме да разговараме, се разбира со двете знамиња и да трагаме по ново решение, рече Сиљановска Давкова.

Бугарија, оцени таа, добиива премиер кој ужива голема поддршка, кој има големо искуство и почит на голем број граѓани и се надевам дека тоа ќе го искористи во најдобра можна мерка за надминување на проблемите со кои се соочува Бугарија кои се таложеа низ честите промени на владите. Тоа, според неа, од една страна го прави многу силен, но од друга, потенцираше, кога луѓето ќе дојдат на власт и можат да ги управуваат работите умеат понекогаш да посегнат и по подобри решенија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста

А1он