Силјановска Давкова: Очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое

Од:

„Најискрено кажувам дека гласовите на граѓаните од Кичево, без оглед на националната, етничката, верската или друга припадност имаат посебно значење за мене, веќе кажав дека Кичево е градот на моите прадедовци, дедовци и родители, Кичево е градот и на моите Албански побратими.

Јас очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое, а не така како што ќе им кажат партиите, туку со длабока верба дека Македонија и Кичево можат да бидат пристојно место во кое владее правото само ако граѓаните лично си го третираат избирачкото право“, рече кандидатот за претседател, Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова.

„Значи се обраќам до кичевчани, како до граѓани и потенцирам дека гласот за мене значи глас за владеење на правото. Во таков град и во таква држава сите повторно без оглед на етничката, расна и верска припадност, социјално и друго потекло ќе имаат еднакви шанси.

Оставам на кичевчани да решат, меѓутоа ги потсетувам дека овие гласови имаат посебна емотивна а не само политичка вредност. Особено опкружена со жени значи дека гласот за Гордана е гласот за жена, гласот за Гордана е глас а кичевчанки за Гордана, ама и на сите кичевчани бидејќи она што е заедничко за сите нив и за мене е татковината и заедничкото потекло, без оглед повторувам не мора да е Македонија само на Македонците, Македонија е татковина и на Албанците и на Турците и на Ромите и на Власите и на Бошњаците, на сите оние кои се родени овде и ја чувствуваат земјата како своја“, изјави Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?