Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Од:

Гордана Сиљановска-Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.

Во „Вила Водно“ таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва за совесно извршување на должноста и со обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот кор и претставници на политичкиот и општествениот живот.

Од денеска почнува петгодишниот претседателски мандат на Гордана Сиљановска-Давкова, која е шести претседател и воедно прва претседателка од осамостојувањето на државата.

На Претседателските избори кои се одржаа на 24 април и 8 мај, таа освои 561 000 гласови.

Во говорот во Парламентот, кој рече дека им го посветува на жените за да ги инспирира дека е можно да се стане претседателка, 71-годишната универзитетска професорка по уставно право и политички систем истакна дека ќе се обиде да ја оправда довербата.

Нагласи дека ова ѝ е најголемата обврска во животот, покрај тоа што е и најубав подарок за нејзиниот роденден кој ѝ беше вчера.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот

Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

Сиљановска-Давкова: Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример, членките на ЕУ треба да ја превенираат

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

А1он

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон

Катерина Ѓуровски

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

А1он