Силјановска Давкова ја посети црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево

Од:

Кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска беше во посета на црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево.

При посетата Сиљановска Давкова посочи Кичево за нејзе е град кој што има посебно место во нејзиното срце.

„Јас сум горда на моите корени. Ми претставува задоволство што сум овде денес, на овој голем празник. Би сакала да ви го честитам празникот и да посакам многу љубов, среќа и разбирање“, изјави Сиљановска.

Сиљановска додаде дека Македонија заслужува промени.

„Промена на име и идентитет не е реформа. Ви благодарам на поддршката, очекувам таа да се зголеми на 5-ти мај. Го имате мојот збор дека никогаш нема да ве изневерам. Ќе бидам претседателка од народот, за народот, со народот“, додаде Сиљановска.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?