Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес. Според нејзините сознанија, како што изјави денеска, има исчекор. Ново е, рече, тоа што групата за пријатели на Западен Балкан е активна и „има креативни предлози, во смисла дека би можело да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4“.

Според претседателката, процесот не зависи само од земјава која покажа невидена и нечуена кооперативност во однос на евроинтеграцијата. Потребно е време, но и добра волја, како и манифестирање добрососедство.

Сиљановска-Давкова очекува во директните средби да се разговара за можните решенија, а во добрососедството, како што истакна, не може да препознае вето и слични закани.

-Да, гледам деблокада. Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара. По моите сознанија, има исчекор. Јас и во Аушвиц се видов со претседателот на Бугарија. Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање, Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија. Она што е ново и инспиративно е дека групата за пријатели на Западен Балкан, што значи и наши пријатели, е активна. Јас знам дека има креативни предлози, во смисла дека би можело да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4. Знаете дека склучивме Договор за заедничката меѓунардона и безбедносна политика. Впрочем, иако не сме членка на ЕУ имаме целосно усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика и мислам дека треба време, треба, она што е најважно – добра волја, треба манифестирање добрососедство. Во добрососедството не можам да препознаам механизми како ветото и сличните закани, рече Сиљановска-Давкова, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната објава на Еуроактив, дека Бугарија останува на ставот за промена на Уставот како дел од преговарачката рамка.

Сиљановска-Давкова учествуваше на настанот „Глобален женски појадок 2025“ што го организираше Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, по повод 11 февруари – Меѓународен ден на девојките и жените во науката.

Би можело да ве интересира

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски и повредените, а најмногу – правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Реформи нема, Македонија губи време, власта врши притисок на судството

Катерина Ѓуровски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

(ВИДЕО) Мицкоски: во Брисел ги повторивме нашите позиции за Македонија