Сиљановска-Давкова ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Софија

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ги посети повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болницата „Пирогов”.

Во Бугарија вкупно се наоѓаат 14 пациенти, од кои девет се во болницата „Пирогов“, сите се екстубирани и оперирани, кај некои е извршена трансплантација на кожа. Една пациентка се лекува амбулантски со преврски.

Кај пациентите имаат психолошка поддршка и кај сите се продолжува со третман на изгорениците.

Тројца се хоспитализирани во Военомедицинскиот центар во Варна во добра општа состојба и во болницата „Св Ѓорѓи“ во Пловдив е хоспитализиран еден пациент.

Сиљановска-Давкова денеска и утре престојува во работна посета на Бугарија, каде што ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.

Како што јави известувачот на МИА од Софија, посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“.

За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со шефот на бугарската држава Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност