Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел. Сиљановска Давкова повторува дека во Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот и потенцира дека не може да има бидејќи таа се врзува со историските комисии и нивните разговори. Сепак, вели таа, можеме на друг начин да пристапиме кон Договорот.

– Не би можела точно да одговорам иако на маргините имав пријателска средба и со претседателот на Бугарија, господинот Радев. Најповторуваната синтагма од сите е дека ние треба да ги почитуваме договорите, се разбира дека секој кој знае меѓународно право па и право знае дека во Договорот за добрососедство и пријателство нема одредба која што вели дека треба да се смени Уставот и не може ни да има, тоа се врзува за фамозните историски комисии и нивните разговори и преговори. Се разбира дека тоа јас го истакнувам. Она што го истакнувам јас не е директен одговор на прашањето дали ќе ја смените Преговарачката рамка и дали сте свесни дека не може да се смени Преговарачката рамка, мојот коментар е дека е важно како ќе се однесуваме кон Преговарачката рамка, бидејќи видете низ интерпретацијата ако ние се договориме пријателски дека ќе ги почитуваме Копехангенските критериуми, и ако велиме Pacta sunt servanda, а мислиме на Преспанскиот договор каде што јасно си пишува што значи Македонија за втората страна – територија, значи народ со сопствена историја и јазик, а за што разговараме ние во тие историски комисии за ова што е дел од пактот на кои што се повикуваат Преспански договор, истакнува Сиљановска Давкова.

Претседателката потенцира дека не може историјата, културата, јазикот да бидат предмет на разговор.

-Тогаш ние што правиме, всушност ја потсетуваме ЕУ на темелните вредности и принципи на уставното право на ЕУ. Сето ова што го зборувам јас, културен идентитет, национален идентитет, договори засновани на реципроцитет, немешање во внатрешни работи, почитување на дигнитетот и интегритетот е дел од европското уставно право. Тогаш можеме на друг начин да пристапиме кон договорот, посочува Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Матурантка во Бугарија на прославата пристигна во багер, со трубачи

А1он

Мицкоски: За време на Хашкиот самит во НАТО да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас и од Бугарија

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он

Сиљановска-Давкова: Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8