Силјановска-Давкова: До каде е случајот со Фондот за пензиско и иналидско осигурување

Од:

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пензионерското друштво во Гевгелија, при што се осврна на секојдневните проблеми со кои се соочуваат пензионерите откако СДСМ дојде на власт.

Наместо да се зголемуваат пензиите како што беше ветено, пензионерите секој месец се разочаруваат од помалите примања. Наместо да уживаат во плодовите на својата долгогодишна работа гледаат како нивните деца ги напуштаат родните огништа, наместо обезбедена здравствена заштита за која плаќале цел работен век секој месец мака мачат да дојдат до лекови на рецепт, нагласи Силјановска Давкова.

Гордана Силјановска Давкова потсети дека власта треба да одговори до кај е случајот со фондот за пензиско – инвалидско, кој го започнаа храбро поради несогласувања со коалициониот партнер работата се врати на почеток, и сега граѓаните не знаат ништо кој е виновен за овој скандал за кој имаат право да знаат што се случува со нивните пари. Епилог од овој скандал мора да има.

Гордана Силјановска Давкова со пензионерите утврдија на средбата дека оваа неправда мора да ја исправиме сите заедно, да ги натераме и оваа и сите идни власти да обезбедат достоинствен живот за сите граѓани вклучително и за пензионерите.

Би можело да ве интересира

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Законот поради кој имаше тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители, објаснува Силјановска-Давкова

Силјановска бара двајца, наместо пет потпретседатели, а Џафери да биде неутрален како папа

СДСМ: Силјановска е на иста линија со Мицкоски и Груевски, поддржувач на режимот и транзициски профитер

А1он

Собранието демантира дека од стенограмите на излагањето на Силјановска бил избришан зборот „рекет“