Силјановска: Ако станам претседателка едно од моите први обраќања ќе се однесува на ромската заедница

Од:

„Вреди да се одбележуваат важни датуми, како овој денот на Ромите во светот. Меѓутоа уште повеќе вреди секој ден да биде пристоен ромски ден.

Се разбира Република Македонија на овој план уставно правно зошто Ромите си го најдоа заслуженото место во Преамбулата, и институционално правно може да се пофалиме дека водевме сметка за своевидно самоуправување или себе управување во рамките на општина во која мнозинството се Ромите како што е Шуто Оризаре.

Но мислам дека на овој ден треба да се обврземе да исполниме и многу други предизвици врзани за ромската заедница, особено на планот на правичната и соодветна застапеност на сите нивоа на власта, особено на посебна заштита на ромската заедница како најранлива категорија не само во светот и во Република Македонија. Тука мислам на посебните усилби за образованието, за здравството, за социјалната заштита.

Се надевам дека идната година на овој ден ќе имаме можност да ги истакнеме успесите во она што е предизвик за сите нас во почитувањето и остварувањето на ромските права.

Ако станам претседателка на Република Македонија едно од моите први обраќања ќе се однесува на ромската заедница.

Се разбира дека ако мојата ќерка ја одгледала Ромка, една прекрасна жена која влегла во нашиот живот и ние во нејзиниот, не знам зошто не би побарала помош од Ромките и Ромите и во вршењето на претседателската функција“, рече кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ