Силјановска: Ако се промени името во Северна, тогаш каде е јужна Македонија

Од:

Kандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денес оствари средба со граѓаните на општина Ново Село. Таа нагласи дека со победа на претседателските избори, ќе се отвори шанса за барање предвремени парламентарни избори сè со цел да може да се укаже дека преспанскиот договор и промената на уставното име на Република Македонија е нешто неприфатливо за граѓаните на оваа држава. Односно, како што рече таа, ако има промена на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија, тогаш логично е да се постави прашањето каде е тогаш република јужна Македонија.

Според Силјановска, залудни се обидите на Зоран Заев да ги коригира своите министри при изговарањето на името Република Македонија во Република Северна Македонија бидејќи тоа име е без корен, вештачко и натурено, истакнувајќи дека во историјата не се борела за Северна Македонија, а како најдобар пример ја посочи и химната.

„Мислам дека е важно да се потенцира дека тогаш при победата на претседателските избори на дневен ред ќе дојдат предвремените парламентарни избори, нешто што е многу важно заради решавање на отворениот спор за името. Видете, може тие да пишуваат на сите згради, може премиерот да ги поправа сите укажувајќи на Северна, меѓутоа тоа име нема корен, вештачко е, натурено е, никој во историјата не се борел за Северна. Ни во турско ни за време на Втората светска војна, никој не споменувал Северна Македонија. Не, химната ви е најдобар доказ за тоа. Ниту во некоја песна македонска ниту во некое оро се споменува Северна Македонија. Никогаш. Не само во делот во кој живееме ние. Некогашната, за жал, Вардарска Македонија, и во другите делови, ајде да видиме што пишувало во Абецедарот од 1925 година. Истото што и во букварите на кои учителките и учителите и денеска им предаваат на децата. Тоа е тоа. Значи, ниту во пиринскиот дел се спомнувало Северна Македонија и најлогичното прашање е ако има Република Северна Македонија, тогаш каде е република јужна Македонија? Бесмислено. Значи, тоа е нешто што ниту срцето ќе ни го прими ниту умот ни го прима, ама ние треба да направиме амбиент бидејќи меѓународната заедница реков е практична и сака да се реши проблемот. Ние мора да направиме една синергија меѓу претседателот, меѓу премиерот и Владата за да можеме заеднички каде и да стигнеме, со кого и да се видиме, да укажуваме дека веќе она што се случува, проблемите со спроведувањето на преспанскиот договор, дека допрва ќе го комплицираат нашиот живот и ќе покажат дека тоа доведува до парализа, до нефункционална држава, дека не е решение за односите меѓу двета народа, туку, напротив, дека ќе отвори нови и нови проблеми“, вели Силјановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар