(ВИДЕО) Сиљановска: Ако метеше како што треба, Заев ќе скршеше многу рачки досега

Од:

Кандидатот за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова, коментирајќи ги случаите со антикорупциската комисија за непотизам и повикот на премиерот Зоран Заев за повлекување на роднините на функционерите рече дека не гледа искрена намера кај власта за чистење на нефункционалчните кадри и справување со корупцијата.

„Ако метлата на Заев метеше како што треба, не знам досега колку рачки ќе се искршеа. Напротив не гледам ниту една. Згора на сѐ, шефот на изборниот штаб на мојот противкандидат е една од  иконите во фамилијарните вработувања. Пораката што ја испраќаат е загрижувачка, а јас сум шокирана. Ова што се прави нема ништо заедничко со европските вредности, по ова што го гледаме изгледа дека политичкото ткиво е длабоко инфицирано“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа беше прашана и како ги оценува двата мандати на Ѓорге Иванов и дали тој треба да биде предмет на истрага за недомаќинско трошење на пари. Сиљановска рече дека тоа е прашање со кое треба да се позанимаваат институциите.

„Дали купувал кравати или нешто друго и трошел ненаменски, јас тоа не го знам и не е во моја надлежност јас да вршам истрага, но, доколку има недомаќинско трошење на пари секогаш ќе бидам критички настроена и како иден претаседател ќе го кревам мојот глас и ќе алармирам за тоа“, рече Сиљановска.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?