Силен земјотрес почувствуван во целата земја

Од:

Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда од пет степени е регистриран рано изутринава во 04 часот и 54 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје.

Според првичните епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири, а во Битола, Прилеп и околината со три степени.

Би можело да ве интересира

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени