Силен дожд го зафати и Скопје, викендов исто време

Од:

Попладнево и Скопје го зафатија обилни врнежи од дожд, при што улиците во одредени делови на градот беа поплавени.

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, значително посвежо и ветровито со повремен локален дожд. Претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската темепратура ќе се движи од 13 до 19, а дневната 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје исто така рано наутро со краткотраен дожд. Претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 17 до 26 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Утре претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во наредните денови температурите постепено ќе растат.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче