Си го убил братот поради имот

Од:

Жител на Арачиново си го убил братот во тепачка поради нерасчистени имотно-правни односи. Според информациите на МВР, утринава околу 8.30 часот било пријавено дека во кругот на поранешниот земјоделско-индустриско комбинат „Скопско Поле“, лоциран на локалниот пат кон Арачиново, Скопско, настанала расправија помеѓу Р.С. (51), Д.С. (23) Ј.С. (24), од една страна, и Н.С. (46) и Н.С. (52), од друга.

„Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир биле нерасчистени имотно-правни односи помеѓу браќата Р.С. Н.С. и Н.С. По пристигнувањето на полициските службеници на местото на настанот, го затекле Н.С. (52) во бесвест, по што веднаш била повикана итната медицинска помош, меѓутоа од страна на лекар била констатирана смрт“, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено е на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција. Другите учесници во тепачката се приведени во ПС Гази Баба. Полицијата работи на целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска