Шврговски место Додевски ќе го брани Мијалков

Од:

Поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Шврговски, во иднина ќе го брани поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, во неколкуте случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Шврговски за „Макфакс“ потврди дека ќе го замени досегашниот бранител Никола Додевски, но само во предметите кои се водат против поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Се вклучувам во одбраната, но само во однос на предметите кои што се водат против Мијалков“, вели Шврговски.

Станува збор за случаите „Таргет“, „Тврдина“, „Трезор“ и „Тортура“. Додевски претходно беше повикан да сведочи во случајот „Талир“, кој се однесува на истрагата за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ