Шверцер од Македонија предизвикал сообраќајка на македонско-косовската граница

Од:

Косовската полиција објави дека во саботата спречила шверц на стока – обувки и облека – од Косово во Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој предизвикал сообраќајка со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат.

Во соопштението на полицијата се наведува дека околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање.

Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Северна Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).

„Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Северна Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура“, се наведува во соопштението на полицијата.

Би можело да ве интересира

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски