Швајцарската амбасада најавува два нови проекти во Гостивар

Од:

Регионалниот советник за вода и управување со отпад при Швајцарската амбасада во Македонија – Клиф Хамер, во придружба на Бујар Ибиши и Станислава Додева, денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари.

Посакувајќи му успех на градоначалникот Таравари во новата функција, Хамер се заинтересираше за неговата работа во првите денови од мандатот.

При оваа прилика, тој го запозна градоначалникот на Гостивар со двата нови проекти кои наскоро треба да започнат да се имплементират а се финансирани од Швајцарската влада.

Регионалното управување со отпад е проект финансиран од Швајцарската амбасада во соработка со Полошкиот плански регион. Другиот проект сае однесува на усвојување план за заштита од поплави којшто ќе се спроведува од страна на УНДП, а исто така ќе се финансира од швајцарската амбасада.

Со донесување на овој план, Гостивар ќе биде првата општина во Македонија со план за превентивна заштита од поплави.

При посетата во Гостивар, делегацијата од Швајцарската амбасада престојуваше и во село Вруток, каде што одблизу се запознаа со завршните работи од првата фаза од изградбата на резервоарот за вода за пиење, проект финансиран од страна на Швајцарското федерално одделение за економски прашања СЕЦО.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица