Швајцарска поддршка за заштита на еко системот на Преспанско Езеро

Од:

Швајцарија преку Швајцарската агенција за развој и соработка обезбеди пет милиони швајцарски франци за реализација на проектот за еко-системот на Преспанското Езеро.

Проектот ќе се спроведува во наредните шест години од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Ресен.

За таа цел денеска во МЖСПП беше потпишан Меморандум за соработка од страна на министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото.

– Преспа стана пример за регион кој активно се залага за зајакнување на природните вредности преку спроведување на бројни позитивни иницијативи. Новиот проект се надоградува на претходните резултати и има потенцијал да донесе бројни придобивки за одржлив развој на езерото и на целиот регион, истакна министерот Адеми по потпишувањето на Меморандумот.

Швајцарскиот амбасадор појасни дека ќе ги поддржат мерките со кои ќе се подобри квалитетот на езерото и оти ќе обезбедат и поддршка за подобрување на квалитетот на јавната администрација.

Проектот содржи и компонента со која ќе се обезбеди поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање во спроведувањето на Законот за води. Идејата е да се ангажира на долгорочна основа советник кој ќе помогне во подобрување на спроведувањето на законот.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он