Шутаров: Арсовска не ја реконструира Универзална сала, иако има и проект и пари за реализација

Од:

Советникот во Советот на Град Скопје, Гордан Шутаров, вели дека реконструкцијата на Универзалната сала стои во место, иако поминале седум месеци од мандатот на Данела Арсовска.

„Реконструкцијата на овој важен објект за скопјани, но и за целата држава започна од претходната власт предводена од СДСМ и доколку Арсовска продолжеше со работа, таа ќе беше готова уште пред некој месец.

Но наместо тоа, Арсовска своето неработење и својата неспособност се обиде да ја прикрие преку манипулации дека проектот не бил безбеден иако за тоа беше демантирана од страна на стручната јавност.

Потсетуваме, средствата за реализација на овој проект се обезбедени од страна на Владата предводена од СДСМ.

Универзална сала е еден од бројните проекти кои Арсовска или ги откажа или престана да ги реализира, како што е проектот Бас рапид транзит, како што се мостовите на улицата „Љубљанска“ и булеварот „АСНОМ“.

Но Арсовска во овие седум месеци не реализираше ниту еден свој проект. Нема нови паркови, нема нови автобуси, нема бесплатен превоз.

Толку од менаџерските способности на Арсовска, таа е најнеуспешниот градоначалник што Скопје некогаш го имал“, вели Шутаров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните