Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена, се вели во соопштението на СДСМ.

Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество.

„Како кандидат за градоначалник на Град Скопје, чувствувам одговорност да најавам поголема поддршка за работата на независната културна сцена. Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град – во неговата креативност и човечност“, рече Шукова.

Шукова посочи дека за развојот на независната културна сцена е важно да се создадат слични вакви културни јадра и во другите општини, а дополнително се отвори и прашањето за можноста за зголемување на финансиската поддршка.

„Независната културна сцена претставува важен двигател на културниот и општествениот развој на Скопје и затоа сметам дека заслужува поддршка. Потребно е да се обезбедат услови за проширување на просторните капацитети но и да се размислува за отворање на слични културни јадра и во другите општини. Затоа и ќе се заложам за обезбедување поддршка не само во простор, туку и зголемена финансиска поддршка за програмските активности на независната сцена која активно твори и придонесува за културниот живот во градот Скопје“, рече Шукова.

Културно-социјалниот простор – Јадро е професионална, отворена и инклузивна платформа која во континуитет ги поддржува уметниците, културните работници, граѓанските организации и граѓаните. Со повеќе од 100 културни настани во текот на годината, оваа установа е модел за успешна соработка помеѓу локалната власт во општина Центар и културната сцена.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата