Шукова ја претстави својата визија за Старата скопска чаршија

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и коалицијата Каја Шукова денеска ја претстави својата визија за Старата скопска чаршија.

Според Шукова, Чаршијата е душата на Скопје, но, како што рече, е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа.

– Нашиот план е јасен, визијата е да им ја вратиме Чаршијата на скопјани. Имам решение. Секојдневно чистење, нова урбана опрема, јавно осветлување и ви-фи зони, со почит кон афтентичниот изглед, изјави Шукова од пред споменикот на Скендербег.
Доколку ја добие довербата од скопјани, вети и поддршка за дуќанџиите и занаетчиите, со буџетски средства за реконструкција на дуќани, правна и финансиска помош и отворени школи на занаетчии и мајстоски работилници.

– Нашата цел е чаршијата конечно да добие еден центар за управување по целосна надлежност на Град Скопје. Без лавиринти меѓу институции, туку ефикасна, брза и транспарентна администрација за сите што живеат и работат таму, истакна Шукова.

Најави и поддршка во културата, односно реновирање на Сули ан, поддршка за студентите по ликовна уметност, отворање на арт атељеа и културни програми.

– Имаме план за развивање дигитална платформа за туристи, јазични обележја, подобрена пешачка инфраструктура и европски културни рути, затоа што Чаршијата мора да привлекува туристи, да живее и да расте. Ова не е уште едно ветување. Ова е визија што ја враќа Чаршијата како живо срце на Град Скопје, бидејќи ние се бориме за нашиот дом, додаде кандидатката за градоначалник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Шукова: Денеска гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје

Горан Наумовски

Шукова со завршна порака: „Се бориме за нашиот дом!“

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Шукова: Скопје мора да се врати на луѓето, град по мерка на човекот, не на автомобилите

Шукова: Граѓаните на Бутел сакаат нови улици, чисти паркови, поврзани населби и општина што ќе ги слуша нивните идеи

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Каја Шукова за визијата за Скопје: 72 часа се мит, 2028 е реалност