(ИНТЕРВЈУ) Каја Шукова за визијата за Скопје: 72 часа се мит, 2028 е реалност

Од:

Во трката за градоначалник на главниот град, Каја Шукова влегува со став дека Скопје заслужува паметни решенија, а не празни слогани.

Позната по својата работа во областа на животната средина и урбанизмот, таа сега ја насочува енергијата кон визија за поуредено, поздрава и похумано Скопје. Во разговор за „А1 он“, Шукова зборува отворено за сообраќајниот метеж, загадениот воздух и урбанистичките девијации, уверена дека градот може да се препороди, но не со магично стапче, туку со стручност, одговорност и јасна стратегија.

На ветувањето од нејзиниот противкандидат од владеачката ВМРО-ДПМНЕ дека Скопје ќе го „светне“ за 72 часа, таа реплицира -„Бајка е дека Скопје може да се исчисти за 72 часа,“ – „но до 2028 година, ако работиме паметно, може да стане град достоен за европска престолнина на културата.“

Таа вели дека ефикасен јавен превоз ќе се постигне со воведување на БРТ (брзиот автобуски транзитен систем) за кој веќе е обезбеден и буџет. Според неа со ова и со целосната обнова на ЈСП, метрополата ќе добие превоз по теркот на европските стандарди. На прашањето дали одземањето на зелени површини во полза на креирање на БРТ системот, е уште поголемо еколошко нарушување, вели дека се направени проценки и дека со овој систем ќе се намали загадувањето, а нови зелени површини се планирани во непосредна близина.

За Шукова, приоритет е управувањето со отпадот, модернизација на Дрисла, и изградбата на центар за рециклирање со висока стапка на ефикасност, како и повисоко ниво на соработка со колективните постапувачи со отпад.

Како преку урбанистичка реформа, подобро управување со отпадот и паметен јавен превоз, Скопје може да стане чист, достоен и одржлив европски град, диретно и отворено Шукова зборува за а1.он.

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ