Штрајк во Актор, нема пари за плати

Од:

Вработените во Актор утре најавуваат дека ќе почнат штрајк поради тоа што од Нова Година не добиваат плата. Според вработени кои ги контактираше А1он, била исплатена само една плата во февруари, но сега добивале одговор од менаџментот дека нема повеќе пари, па вработените можат да прават што сакаат. Вработените се на терен и денеска, ама како то велат, не работат.

Тие сметаат дека пари имало, ама се украдени.

Грчката фирма „Актор“ која ја изведува делницата Демир Капија-Смоквица уште пред две години стана афера откако беше обелоденето дека македонски функционери се инволвирани во нечесни работи за добивањето на тендерот и зинесување пари во кеш преку македонската граница, односно перење пари и местење на тендерот.

Аферата ја објави СДСМ од каде кажаа дека вработени од грчката фирма „Актор“, но и нивни познаници кои ја поминуваат организирано границата, од филијала на Стопанска банка во Неготино во кеш испумпале повеќе од три милиони евра. Според тогашните тврдења на СДСМ, група грчки граѓани предводени од една од шефиците на „Актор“ во Македонија, на одредено време, ја посетувале филијалата на банката, подигнувале над 50.000 евра во кеш, и со приватни возила ги изнесувале во Грција. СДСМ уште лани бараше одговор, како никој на граничниот премин „Богородица“ не открил изнесување на големи суми кеш.

Провладиниот грчки весник „Катимерини“, го објави наодот на ОЕЦД, во кој се вели дека грчка градежна компанија која гради автопат вреден безмалку 280 милиони евра во земјава дала поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добие договорот.

„Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добие договорот вреден 270 милиони евра. Грчката компанија го доби договорот иако нејзината понуда беше значително повисока за околу 40 милиони евра“, пишува во наодот.

Би можело да ве интересира

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк ако не добијат по 2392 денари усогласување на плата

Орце Костов

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики