Што содржи бомбата на СДСМ?

Од:

ЦО на СДСМ даде поддршка за објавување на материјалите кои упатуваат на како што пишува во усвоениот документ злоупотреби, криминал и корупција на власта. Беа изгласани следните заклучоци.

Се овластува раководството на СДСМ да започне со обзнанување на документите кои докажуваат систематско и незаконско прислушување на илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудни инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес како и криминал и корупција во највисоките ешалони на власта.

zalkl2

Документите ги потврдуваат ставовите на СДСМ и на голем дел од македонската и меѓународната јавност.

За притисоците врз медиумите и слободата на изразување, целосната контрола на државните институции од страна на врхушката на власт, селективната и партиски диктирана правда како и погазената правна држава.

Согласно Уставот и законите на Република Македонија никој нема право да го спречи објавувањето на документите кои докажуваат криминал и злопотреби од страна на највисоките владини ешалони. Вистината за состојбите во Македонија мора да излезе на виделина.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците