Што се случуваше рано изутрина во Штип?

Од:

Околу 4 часот наутро, на само неколку часа до отворањето на гласачките места, пред зградата на Апелациониот суд – Штип, каде што се наоѓа избирачкото место 2296, беше блокирана улицата Генерал Михајло Апостолски, која води кон Клиничката болница во Штип.

При остварениот телефонски повик до СВР-Штип, добивме информација дека и тие не се запознаени со ситуацијата и ќе излезат на терен да видат што се случува. Индикативно е што во непосредна близина на ова избирачко место се наоѓаат просториите на една политичка партија, каде што можеше да се забележи присуство на поголем број лица, кои ги напуштаа просториите.

По 15 минути, препреките беа отстранети од страна на полициски службеници, кои и при второто јавување не ја посочија причината за прекинот на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“