Што предвидува предлог-законот за амнестија?

Од:

На вчерашната, 28 седница, Владата на Република Македонија, го разгледа и усвои Предлог-законот за амнестија и им препорача на Министерството за правда и на службите во владата да ги обезбедат условите за увид во предлог текстот на законот до засегнатите министерства, како и до пошироката јавност.

Владата донесе одлука усвојувањето на законот да оди во редовна постапка.

Првиот драфт на предлог-законот ја опишува целисходноста од донесувањето на овој закон кој е времен и ќе се однесува на точно определени временски оредници. На денешната седница, Министерот за правда, Биљен Саљији напомена дека предлогот за донесување на нов закон за амнестија е израз на добра волја на државата кон одредена група на правосилно осудени лица, со цел за нивна ресоцијализација и за растеретување на затворите од прекумерниот број на лица кои се наоѓаат на отслужување на затворска казна воедно, како и заради условите во казнено-поправните установи во државата.

Според првичниот предлог-закон, ослободувањето од извршување на казна, односно амнестијата, ќе ги опфати лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони, кои до денот на влегувањето во сила на овој закон се на издржување на казната затвор, вклучувајки ги и лицата кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија.

Предлог законот за амнестија ќе се однесува и на лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривични закони на друга држава, доколку сторителот е државјанин на Република Македонија и казната ја издржува во Република Македонија, врз основа на извршување на кривична пресуда на странски или меѓународен суд,

Со овој предлог, амнестијата ќе ги опфати осудените лица кои на денот на влегувањето во сила на овој закон не започнале со издржување на казната затвор, а имаат конечна и правосилна судска одлука за упатување на издржување на затворска казна во казнено-поправните установи.

Предлог текстот на законот предвидува целосно да бидат ослободени од издржување на казната затвор и лицата осудени за дела кои на денот на влегувањето во сила на овој закон повеќе не претставуваат кривични дела.

Драфтот на законот за амнестија предлага осудените лица на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, потполно да бидат ослободени од издржувањето на казната. Сите други осудени лица за кои се предлага амнестија, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

Министерот Саљији на вчерашната владина седница објасни дека со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик,

кој опфаќа убиства извршени на свиреп или подмолен начин, убиство при вршење на семејно насилство, убиства со умисла при што е доведен во опасност животот на уште некое лице, убиства од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди, убиства по порачка, убиства на женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно лице и убиства на судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на неговата функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода. Овој член од Кривичнот законик се однесува и на лица осудени на затворска од најмалку десет години или со доживотен затвор за убиства со умисла на две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено.

Амнестија не се предвидува и за сторителите на кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик, за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194 од Кривичниот законик, за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик, за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403-418-а, 418-в до 422 од од Кривичниот законик на Република Македонија.

Согласно предвидената процедура за усвојување на законите во редовна постапка, текстот на предлог-законот ќе биде поставен на увид на јавноста во Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР, www.ener.gov.mk) и на тој начин до него ќе имаат пристап експертите од стручната јавност, од граѓанскиот сектор, како и сите други засегнати страни. Предлог-законот на ЕНЕР ќе биде достапен 20 дена, согласно одлуката на Владата на РМ, која на една од претходните седници го зголеми бројот на денови за јавна расправа на законите што се донесуваат во редовна постапка.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада