Што носи Законот за игри на среќа: Објекти на 500 метри од училишта, забрана за рекалмирање, нема казина во населени места

Од:

Предлог законот за игри на среќа е многу значаен чекор во „борбата против мафијата на коцкањето“, истакна денеска на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Со новото законско решение, што беше усвоено на вчерашната владина седница, тој нагласи дека на почеток ќе се намали присуството на, како што рече, оваа колективна катастрофа, за најмалку 70 отсто.

– Ова е само почеток. Од над 7.000 ВЛТ апарати со првиот удар ќе се отстранат 4.000. Го забрануваме рекламирањето на коцкањето. Казина повеќе ќе нема низ населени места, градови и села, како што е случај денес. Ги отстрануваме коцкарските клубови и обложувалниците, кои организираат коцкање и сите други форми на коцкарски објекти најмалку 500 метри од училиштата, а ги зголемуваме даноците и давачките за да се отежне постапката за отварање обложувалници, појасни Меџити.

Тој посочи дека досега со една лиценца, компаниите отварале неограничен број објекти, што со законските измени повеќе нема да може да се прави.

– Казино индустријата која подолго време беше претворена во главно бизнис претпријатие во нашата земја сега доживува сериозен удар. Наследивме општество во кое коцкањето беше во подем. Казината и обложувалниците беа отворени на секој агол. Денес на територијата на целата држава функционираат најмалку 1.500 центри за коцкакање, обложувалници и апарати за коцкање, истакна Меџити.

Борбата против индустријата на коцкањето, според него, е тешка и опасна.

– Станува збор за добро организирана структура со криминогена природа, која ги надминува државните граници и не признава бариери, ниту политички, ниту етнички, национални или верски. Мафијата на коцкањето е ракот на нашето општество. Ветува среќа, но носи само несреќа, посочи првиот вицепремиер.

Првите конкретни резултати од, како што рече, решителната борба против криминалната индустрија на коцкањето и игрите на среќа веќе пристигнале.

-Минатиот месец започна затворање на стотици нелегални онлајн страници за коцкање, кои нудеа услуги во нашата земја. До денес затворивме над 200 онлајн страници за коцкање, подвлече Меџити.

Би можело да ве интересира

Меџити: Дали Османи и Ахмети ќе продолжат да стојат пред ВМРО-ДПМНЕ за да прават влада со „албанофобот“ Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Меџити: Чаир ќе добие подземни контејнери и 3.000 нови паркинг места

А1он

Меџити: Ахмети не зборува ништо за „српскиот свет“, бидејќи лобисти се неговиот син и неговото семејство

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити

Меџити: Граѓаните веќе се одлучни за промени и за достоинствено управување со општината

Горан Наумовски

Меџити: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот во Страчинце ќе има сериозни последици врз животната средина