Штипскотото училиште „Славејко Арсов“ доби донација од Германската амбасада

Од:

Основното училиште „Славејко Арсов“ во Штип доби донација од Германската мабасада за опремување на кабинетите по неколку предмети.

Според директорката Анита Петрова, донацијата вредна 5.500 евра е добредојдена за училиштитето.

– Со средствата ќе се финансира опремувањето кабинети за математика и физика, биологија и хемија, историја и географија. Опремувањето ќе почне во август. Учениците во новата учебна година ќе имаат опремени кабинети, изјави Петрова.

Во меѓувреме се очекува и изградбата на новите училници и на новата спортска сала. Учениците досега имаа настава по физичко во адаптирана училница.

Во ООУ „Славејко Арсов“ учат повеќе од 450 деца, а Баби е една од поголемите штипски населби.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници