Штипското училиште „Гоце Делчев“ ќе воведе продолжен престој за учениците

Од:

Штипското основно училиште „Гоце Делчев“ е првото кое воведува продолжен престој за учениците од прво до трето одделение. Директорот на Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“-Штип, Трајче Димов вели дека оваа новина ја воведуваат на стартот на новата учебна 2018-2019 година.

– Значи сите ученици ќе бидат згрижени од 7 до 16 часот, секој ден. Само морам да потенцирам дека капацитетот е околу 30 ученици и приоритет ќе имаат учениците од прво одделение, вели Димов.

Тој забележува дека училиштето располага со професионален и стручен наставен кадар. Но, смета дека во наредниот период треба да работат на запишување на ученици од сите етнички заедници и да биде вистинско мултиетничко училиште. Во изминатите 10 години во ова училиште не се почитувала реонизацијата од страна на родителите, па се случил и процесот на гетоизација на училиштето, каде што поради самата близина на ромското маало Радански пат се запишувале деца од ромската заедница.

– Во соработка со локалната самоуправа донесовме нова реонизација, која беше изгласана од Советот на Општина Штип за упис на ученици во прво одделение. За жал ефектите не се такви какви што очекуваме. Меѓутоа, кога на нешто десет години не се посветувало баш никакво внимание не можат да се исправат работите за една година. Со дополнителни мерки се надевам дека навистина во наредниот период ова училиште ќе биде вистинско мултиетничко училиште, однсоно едно општество за сите, вели Димов.

Во наредниот период во училиштет „Гоце Делчев“ благодарение на донацијата од 5.000 евра од Амбасадата на Германија и 2.000 евра сопствено учество ќе се опремат со нагледни средства кабинетите за предметна настава. Димов на денешната прес-конференција најави дека доколку им биде одобрен проектот преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија-Бугарија, во тој случај ќе бидат првото дигитализирано училиште, во источниот регион, а второ во земјава. Тој е задоволен од успесите кои учениците ги покажале на натпреварите, освојувајќи награди на локалните, регионални и државни натпревари.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он