Штипските здравствени работници го одбележаа Светскиот ден на здравјето

Од:

Денес во Штип свечено беше одбележан 7 април – Светскиот ден на здравјето. Во просториите на општинската зграда се одржа мала свеченост на која беа доделени признанија за истакнатите здравствени работници, кои дале придонес во здравството, а беше одбележана и шеесетгодишнината од основањето на одделението за трансфузиологија.

Истакнати здравствените работници од Клиничката болница ја пренесоа пораката на генералниот директор на Светската здравствена организација, „Контролирајте го крвниот притисок“.

Беше истакнато дека еден од најчестите здравствени проблеми со кои се соочуваат граѓаните е токму васкуларната хипертензија, која во најчест број случаи завршува со срцев и со мозочен удар, како и нарушувањето на работата на бубрезите. Овие заболувања од страна на СЗО се детектирани како најчесто заболувања што завршуваат со смрт на пациентите.

Свое обраќање имаше директорот на Клиничката болница, д-р Александар Стојановски, кој пред присутните гости ја презентираше програмата и заложбите на оваа институција за тековната година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски