Штипските здравствени работници чекаат насоки за имунизацијата против коронавирусот

Од:

Штипските здравствени институции деновиве очекуваат ресорното Mинистерство да им даде насоки за имунизацијата на здравствените работни, кои се опфатени во првата фаза.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека очекува деновиве да бидат информирани, каде ќе се реализира вакцинацијата против Ковид-19 за вработените во болницата. Според евиденцијата 126 вработени од штипската Клиничка болница се пријавиле да бидат вакцинирани во првата фаза. Но, деновиве четворица од нив се заразиле со коронавирус, а еден здравствен работник е во изолација.

Началничката на штипскиот Ковид центар, Дијана Шишкова за МИА вели дека деновиве имаат мало зголемување на бројот на пациенти, на кои им треба болнички третман. На Инфективното одделение денеска се пополнети 36 кревети, а состојбата со 70-годишната жена од Штип, кај кој беше утврден британскиот сој на коронавирусот се подобрува и е стабилна.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски