Актерите од Народниот театар-Штип од денеска почнуваат со хуманитарна акција за новороденчето Најден, кој беше најден во Арачиново.
Марија Минчева актерка во Народен театар-Штип вели дека вeчерва пред почетокот на претставата „Парови“ ќе биде поставена кутија, во која штипјани ќе можат да донираат пари, влажни марамчиња, пелени и други работи кои се потребни за Најден.
Штипските актери потенцираат дека идејата за хуманитарната акција ја добиле откако ја слушнале приказната за Најден.
– Сите штипјани, кои сакаат да се вклучат во хуманитарната акција можат да се вклучат, а кутиите во театарот ќе бидат отворени од 18 часот, рече Минчева.
Штипските актери собраните средства и други донации ќе ги достават до Клинички центар-Скопје, каде што е и новороденчето Најден.