Штипскиот универзитет слави девет години од своето постоење

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип од денеска почна со одбележување на „Девет години УГД“. Во ректоратот на универзитетот денеска свечено беа промовирани четворица  доктори на науки и се промовираше Каталог на изданија на УГД.

Стојанче Мијалковски, Тодор Чекеровски и  Ахродита Зенделска се новите доктори на науки на Факултетот за Природно-Технички науки, а Доне Стојанов од Факултетот за Информатика на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Универитетската професорка Лилјана Колева-Гудева вели дека седма година по ред го промовираат Каталогот на изданија на УГД.

– Каталогот на изданија ги содржи сите публикации, кои што сме ги публикувале од еден до друг патронен празник. Во него се содржани околу 170 изданија од кои 120 се учебници и учебни помагала, кои се депонирани во електронската библиотека на универзитетот „Гоце Делчев“. Учебниците и учебните помага се наменети за студентите, бидејќи тие се во центарот на овој универзитет, вели Колева-Гудева.

Одбележувањето на „Девет години УГД“ ќе продолжи и утре со свечена седница на универзитетскиот Сенат, а во недела ќе се одржи и Велосипедска трка, во која што ќе учествуваат професионални велосипедисти од повеќе градови во земјава, но и студенти.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници