Штипскиот универзитет ќе соработува со универзитетот за Применети науки во Косово

Од:

Ректорите на Штипскиот универзитет и Универзитетот за применети науки од Урошевац Блажо Боев и Агрон Бајрактари денеска потпишаа договор за соработка.

Бајрактари истакна дека соработката ја гледаат преку заеднички проекти, што ги овозможуваат фондовите на ЕУ за поголема мобилност на студентите и наставниот кадар, а како Универзитет за применети науки се фокусирани во машинството, технологија на дрва и туризам.

Тој забележа дека тие како универзитет имаат блиска соработка со стопанството и се обидуваат да ги задоволат нивните барања во делот на кадарот.

– Само што потпишавме договор за соработка со УГД и соработката ќе ја насочиме во областите на внатрешен дизајн, архитектура, машинство и економија. Добро е да се биде овде и ние сме многу горди што сме во овој познат универзитет, не само во Македонија, туку и во регионот. Се познаваме со ректорот од претходно, а сега веќе можеме да започнеме прекугранични проекти меѓу Македонија и Косово, рече Бајрактари.

Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев истакна дека добро е што двата универзитети почнуваат да соработуваат во делот на приментите науки.

-Тоа е еден универзитет, кој беше дел од универзитетот во Приштина, а сега е независен универзитет во Косово и мислам дека нашата идна соработка е во делот на заедничка проектна активност, во делот на ИНЕТРАГ, Кросборд програмите, вели Боев.

Двајцата ректори најавија дека во следниот период ќе аплицираат заеднички за реализација на проекти преку Еразмус плус Програмата.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници