Штипскиот универзитет има над 2 000 пријавени кандидат во првиот уписен рок

Од:

Над 2 000 кандидати се пријавиле за запишување на еден од 12-те факултети и трите академии на универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип. Проректорката за настава при УГД-Штип, Емилија Јаневиќ-Ивановска, изјави дека првиот уписен рок за универзитетот заврши успешно, а ги оствариле и најоптимистичките предвидувања за бројот на пријавени кандидати.

– Имаме една хомогена дистрибуција на студенти на сите студиски програми. Немаме неочекувани празни места односно студиски програми каде што нема интерес. Од друга страна, имаме студиски програми кои го надминаа дури и очекуваното, каде што има огромен број студенти. Така што според првичните очекувања, бројката 2 000 ќе биде надмината до крајот на денот, рече Јаневиќ-Ивановска.

Таа забележува дека со оваа бројка на пријавени кандидати во првиот уписен рок им дава на знаење дека самиот универзитет си го држи своето стандардно ниво. Најголем број на пријавени кандидати има на Медицинскиот факултет на сите студиски програми и на Факултетот за туризам и бизнис-логистика. Техничките факултети бележат зголемување на бројот на пријавени кандидати во првиот уписен рок на Штипскиот универтзитет.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он