Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ одбележува 10 години постоење

Од:

Со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, промоција на новите доктори на науки и на каталогот на изданија, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска одбележа 10 години од своето постоење.

Ректорот на УГД Блажо Боев истакна дека како најмлад универзитет во земјава во изминатата една деценија создаде и во негови рамки функционираат 15 факултети и академии.

– После 10 години сме горди на она што го направивме. Универзитетот „Гоце Делчев“ е респективна установа со солиден дел во кавлитетот на наставата и едукацијата на студентите. Респективна во делот на истражувањата, во делот на меѓународната соработка и мислам дека градот Штип и Република Македонија многу добија во придонесот на квалитетот на високото обарзование во Република Македонија, рече Боев.

Во рамки на одбележувањето на 10-годишнината на УГД беше промовиран и Каталогот на изданија. Лилјана Колева-Гудева, претседател на Комисијата за издавачка дејноста на УГД-Штип, рече дека во катологот се опафтени сите изданија на универзитетот од 2007 до 2017 година.

– Овој каталог на 356 страници ги содржи сите електронски изданија, меѓутоа и печатени изданија. Значи, се што има реализирано како издавачака дејност универзитетот во своето 10-годишно постоење. Јас ќе кажам – една успешна приказна и низ призмата на издавачка дејност ние, всушност, ќе видеме како хронолшки се развиваше универзитетот, истакна Колева-Гудева.

На свеченоста беа промовирани и седум доктори на науки на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Манифестацијата по повод една деценија од постоењето на УГД-Штип продолжува вечер во 18.30 во Домот на културата „Ацо Шопов“ со отворање изложба на студентски фотографии, промоција на филм и свечена академија. Во културно-уметничкиот дел ќе настапат Влатко Стефановски, Тони Китановски и актерот Никола Ристановски.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето