Штипскиот градоначалник на средба со директорите на образовните институции

Од:

Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев денеска ја имаше првата средба со директорите на четирите средни, петте основни училишта, двете детски градинки и на Домот на младите. Захариев истакна дека образованието и негата на децата е неговиот приоритет, а на средбата е разговарано како да се надминат проблемите што ги имаат.

– Очекувам голем ангажман на директорите, значи да имаме идеални услови за школување на децата, наставниците да имаат одлични можности да ги покажат своите способности, стручност и да ги научат нашите деца и да имаме генерации, кои со своето образование ќе се запишат на факултите и утре ќе го креираат овој град, рече Захариев.

Директорите на училиштата и градинките истакнаа дека на средбата се нотирани главните приоритети за училиштата, кои се влезени во програмата на Министерството за образование.

Захариев најави дека во наредните денови ќе ги посети сите училишта и градинки за директно да се запознае со потребите на училиштата, наставниците и учениците.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници