Штипски студенти ќе учествуваат на Универзијадата во Белгија

Од:

Женската одбојкарската екипа и машката екипа во мал фудбал на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе учествува на Универзијадата во белгискиот град Антверпен.

Проректорот на УГД-Штип, Кирил Барбреев на денешната прес-конференција истакна дека 20 студенти кои се дел од двете спортски екипи ќе земат учество на Универзитетските спортски игри, во кои ќе учествуваат над 50 универзитети од 30 земји.

– Целта на универзитетот е промоција на спортските и културните активности и подршка на она што всушност значи не само студирање, туку и целокупниот универзитетски живот на кој што може да му се случи на еден студент во текот на четирите години. Проценивме дека тие две екипи не само што е од интерес на универзитетот да учествуваат, туку и дека ќе можат да направат и добра резултат, имајќи ги во предвид резултатите од Универзијадата во Истанбул, вели Барбареев.

Студенти кои се дел од двете спортски екипи на универзитетот „Гоце Делчев“ велат дека интензивно се подготвуваат за натпреварите, а на Универзијадата заминуваат на 26 ти април.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он